Објавени: мар. 23 2023 11:38

Подаруваме прекрасно маче за вистински љубители

Објавени: мар. 23 11:38
Прегледи: 40
Поради здравствени причини, Бела мораме да ја дадеме. Бела е 2 годишна мачка, чувана само дома, со многу љубов, внимание и како член од нашата фамилија. Со тажно срце, мора да ја дадеме на некој вистински љубител кој ќе се грижи за неа.

Бела е 3 годишно маче (женско), стерилизирана, прочистена и вакцинирана со сите вакцини. Таа е многу пријатно и мирно маче, со многу многу љубов во себе и е специфично ретка мачка. Зрачи со некоја посебност.

Сака дом во кој ќе може да и се посвети внимание, да не биде оставена сама затоа што не е научена. Таа има потреба од луѓе кои нема да ја чуваат само за да ја чуваат, туку навистина да и се посвестат....

Доколку сметате дека можете да ја чувате, ја даваме на луѓе кои ќе ја чуваат исклучиво дома затоа што е домашен мачор, за надвор можеме и ние.... па затоа доколку сметате дека ова маче е за вас, можете да не побарате.

Ќе ја добиете со сите нејзини работи, тоалет и играчки.
Сите оние кои имаат интерес нека ни пишат во порака или се јават на 078244192
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
40

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации